Англија
Овен Харгрејвс со јасен став за можното засилување за Манчестер Јунајтед: Има потенцијал да биде како Руни
Манчестер Јунајтед, барем како што пишуваат медиумите на Островот, ќе биде еден од ретките клубови кои без проблем ќе се појави на трансфер пазарот, кога и да биде отворен.
„Ѓаволите“ веќе имаат неколку трансфер мети, а најсериозно се загреани за играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
За него ќе треба да издвојат сума од околу 100 милиони фунти, а како што се шпекулира во медиумите, самиот играч веќе дал зелено светло за трансфер на „Олд Трафорд“.
За ваквиот можен трансфер проговори и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгрејвс кој вели дека 20 годишниот Санчо би можел да го надмине и Вејн Руни доколку пристигне на „Олд Трафорд“.
– Џејдон ќе има голем избор. Манчестер Јунајтед се одлична група на млади играчи кои допрва треба да блеснат, и мислам дека млад играч како него ќе сака да биде дел од таков тим. Ливерпул и Сити се многу понапред од сите, но Манчестер Јунајтед се уште може да биде тим кој може да му понуди многу. Работите се менуваат и Јунајтед ќе се врати.
– Кој и да го добие ќе има голема среќа. Знам дека ќе чини многу пари, но имате играч за следната деценија кој е еден од најспецифичните играчи за гледање. Неговиот потенцијал е огромен. Влијанието кое го има секаде каде што игра е неверојатно.
– Мислам дека многу од луѓето мислат дека на младите играчи им треба време да се навикнат и да напредуваат, но видете ги примерите на Вејн Руни и Џејдон. МИслам дека Џејдон исто како Вејн, може да игра во која и да е лига, во било која земја. Има голем потенцијал да биде токму како Руни, -изјави Харгрејвс.
-
НБА22 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА15 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција11 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан21 час
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија11 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија24 часа
Инѕаги за поразот од Фиорентина: Заслуживме да загубиме
-
Формула 121 час
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА18 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим