Поврзете се со нас

Англија

Овен го нападна Лингард и покрај спектакуларниот гол: Не можам да поверувам што направи

Објавено

на

Џеси Лингард постигна одлучувачки гол на гостувањето во Лондон кој му донесе победа на Манчестер Јунајтед, но од почит кон клубот чии бои ги бранеше шест месеци, крилото на Оле Гунар Солскјер реши да не слави против Вест Хем.

Лингард имаше блескава полусезона во Вест Хем и го прикажа сиот свој потенцијал кај „чеканите“, а вчера им пресуди на своите доскорашни соиграчи и порати тоа покажа огромна почит.

Ваквиот негов потег во победата од 2:1 беше поздравен од фановите на Вест Хем, но наиде на потсмев од страна на легендарниот Мајкл Овен кој никако не може да го сфати потегот на стрелецот на погодокот.

– Реализацијата на Лингард беше апсолутно извонредна. Сепак, има една работа која е навистина лоша во цело ова сценарио. Не можам да поверувам дека не го прослави голот.

– Не можам да поверувам и не можам да се помирам со фактот дека играчите не слават голови против поранешните клубови. Да бидеме реални, Лингард беше во Вест Хем само две минути. Ако не сака да им даде гол, нека подаде. Тоа е мојата забелешка, се останато беше спектакуларно, – вели Мајкл Овен кој во својата кариера ги носеше дресовите на лутите ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни