Лига на шампиони
Овен ги издвои клубовите меѓу кои ќе се бара шампионот во ЛШ

Од денеска започнува нова фаза во Лигата на шампионите, осминафиналната рунда која нуди интересни битки, рунда која ќе ни покаже како ќе се снајдат дел од екипите, дали ќе ги оправдаат очекувањата, статусот на фаворити, дали ќе има некои изненадувања, односно сите со нетрпение ги очекуваат овие две седмици.
Легендарниот Мајкл Овен пред оваа нокаут рунда доби можност да даде прогноза кој ќе оди до самиот крај, па тој издвои четири тима меѓу кои може да се бара шампионот во најквалитетното европско натпреварување.
-Мои фаворити во Лигата на шампионите се Ливерпул, пред Реал Мадрид. Можете да гледате и на Барселона и Баерн Минхен дека имаат реални шанси. Има неколку тимови кои можат да го освојат, но дефинитивно би кажал дека Ливерпул и Реал Мадрид се двата тима во моментов.
-Има огромен притисок врз Килијан Мбапе, но тоа е Реал Мадрид. Тренери ја освојуваа лигата и добиваат отказ затоа што не ја освоиле Лигата на шампионите. Притисокот е таму да се победи Барселона, а сега и Атлетико Мадрид, тие ги имаат најдобрите играчи и најдобриот менаџер, мора да освоиш сè или се чувствува како неуспех.
-Мбапе го знаеше сценариото пред да потпише, тоа е животот на врвен играч. Ако не сакаше притисок, требаше да потпише за некој друг клуб. Колку е повисок синџирот на исхрана, толку е поголем притисокот. Тој ќе мора да ги однесе до врвот на лигата и Лигата на шампионите, но тој сè уште не потфрлил во тоа. Имаат навика да тргнуваат силно и ќе тргнат во одлична серија кога ќе бидат сите.
-Тие ќе бидат последниот тим што сакате да го извлечете во нокаут-фазата, луѓето зборуваа за Реал Мадрид како да имаат катастрофална сезона, но би биле многу храбри да ги отпишене сега, -порача Овен.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)