Англија
Овен ги избра тројцата најдобри напаѓачи во историјата на Премиер лигата и нагласи: Двајца од нив се недопирливи!
Мајкл Овен како најголем англиски талент натправи трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид во 2004-та година, но од тој момент, неговата кариера западна во страшна криза, која иако резултираше со враќање во родната земја, сепак не се покажа како доволна за враќање на највисоко ниво.
Овен одбележа една убава ера во Ливерпул и постигна 120 голови во црвениот дрес, а како поранешен голгетер кој добро знае колку е тешко да се биде константен во елитно друштво какво што е Премиер лигата, сега одлучи да ги избере најдобриоте напаѓачи кои некогаш заиграле во најсилната лига на Англија.
Четериесетгодишниот Овен ги нагласи двајцата напаѓачи кои се над сите, но го придодаде и Луис Суарез за да го оформи својот топ три избор.
– Ќе кажам Алан Ширер и Тјери Анри. Тие се најдобри во историјата, а потоа што се однесува до квалитетот на играчите кои најмногу уживав да ги гледам, ќе кажам дека Луис Суарез беше играч од друг свет во Ливерпул. Ќе го додадам Суарез во мојот топ три.
– Сепак, и покрај фантастичните изданија на Суарез, Ширер и Анри беа над сите останати и никој не може да им се приближи, тие се недопирливи – тврди Овен во изјава за радиото на „Би-Би-Си“.
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд