Англија
Овен фрапиран од сцените на „Итихад“: Кога најмногу му се потребни на тимот…… (Фото)
Манчестер Сити запиша само една победа на последните 13 натпревари во сите натпреварувања, а денеска мораше да се задоволи со реми на меч на кој имаше огромен императив за три бода.
Тимот на Пеп Гвардиола не може да пронајде решение за ниту еден ривал во последно време и попладнево ја отвори „Боксинг деј“ програмата со разочарувачко реми против Евертон, резултат кој секако никако не ги задоволи и фановите на клубот.
Иако во најголем дел играчите добиваа поддршка од трибините, во финишот при резултат 1:1 можеа да се слушнат и свирежи од трибините, ситуација која дефинитивно посебно го изнервира Мајкл Овен.
Поранешниот напаѓач не може да верува како фановите можат да имаат толку слаба меморија, односно брзо да ги заборават сите успеси и радости кои им ги донесе токму овој тим кој денеска го исвиркуваа.
– Уау! Навивачите на Манчестер Сити го исвиркуваа својот тим на крајот. Со години наназад имаа неверојатни успеси и сведочеа на еден од најдобрите фудбали во историјата, а кога тие најмногу му се потребни на тимот…….., – гласи објавата на Овен.
Wow! @ManCity fans booing their team off at the end. Years and years of incredible success witnessing some of the best football the world has ever seen. And when the team needs them most……..
— Michael Owen (@themichaelowen) December 26, 2024
-
Репрезентација16 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП21 час
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства14 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
Светски првенства15 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства18 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
Италија22 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“
-
АТП16 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..