Овче Поле ја почуствува машината на ЖРК Вардар

Ristovska

Натпреварите во домашното првенство на Македонија за ракометарките на Вардар значат само тренинг пред настапите во регионалната лига и Лигата на шампионите.Вардарки на секој натпревар се апсолутни фаворитки. Така беше и овој пат на натпреварот против Овче Поле, кој заврши со неверојатни 39 голови предност за Вардар, со резултат од 57-18.

На оваа средба Сара Ристовска, Јована Саздовска и Теодора Керамичиева заедно постигнаа вкупно 44 голови. Од тоа по 15 постигнаа Ристовска и Саздовска, а еден помалку Керамичиева.

Вардар играше со десет ракометарки, но и тоа беше доволно за убедлива и висока предност на крајот од средбата. Најзабележливи уште од самиот почеток беше репрезентативната тројка Саздовска – Керамичиева – Ристовска. Тие ја полнеа мрежата на противникот, па уште на полувреме Вардар имаше предност од „плус 20″ голови.

Ништо ново немаше ниту во второто полувреме, освен што Вардар продолжи со исто темпо и не застана. Овие „плус 39″ се втора највисоката победа досега сезонава за „црвено-црните”. Претходно „плус 40″ имавме на мечот со Деспина.

Facebook Коментари