Поврзете се со нас

Шпанија

Овации од трибините во Барселона: Миовски и соиграчите беа сведоци на одбраната на сезоната во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Еспањол и Џирона на крајот ги поделија бодовите во малото каталонско дерби кое се одигра во Барселона, откако тимот на Бојан Миовски успеа да реагира во завршницата и да израмни на 1:1.

Искусниот Стуани го замени нашиот Бојан Миовски на 20 минути пред крајот и тој беше стрелец на погодокот од белата точка, но пред да дојде до тоа, видовме и една одбрана која дефинтивно вреди да се погледне неколку пати.

Жоан Гарсија според многумина е најдобар голман во Ла Лига оваа сезона, па откако пред неколку кола брилијираше на натпреварот против Реал Мадрид, овојпат се погрижи и за една нестварна рефлексна интервенција.

Шпанските медиуми брзо почнаа да велат дека станува збор за одбрана на сезоната во шпанската елита, бидејќи брзината на топката и страшната реакција на голманот на Еспањол изнудија стоечки овации од трибините.

Навивачите на Еспањол уште еднаш му се поклонија на својот голман, додека Миовски и неговите соиграчи мораа да чекаат шанса од 11 метри за конечно да го совладаат  и да избегнат пораз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни