Ова треба да го загрижи Зидан: Реал го има најлошиот старт во последните 20 години, Меси има…

mesi-real

Бранителот на пехарот во шпанската Примера екипата на Реал Мадрид има очаен старт на кампањата, па по само пет рунди веќе заостанува седум бода зад големиот ривал и лидер на табелата Барселона.

Причината за вака големиот минус на „кралевите“ е изненадувачки лошата игра пред своите гледачи каде на три натпревари не успеаа да победат ниту еднаш, прво со Валенсија одиграа 2-2, следуваше ремито со Леванте на Енис Барди (1-1), додека вчера загубија од Бетис со 1-0.

Овој учинок на Реал е најлошиот на „Сантијаго Бернабеу“ во последните 20 години, поточно последен пат не победиле на првите три средби во натпреварувачката 1995/96, два порази и реми. Таа сезона ја завршиле на шестата позиција со 17 поени помалку од првакот Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан исто така има причини за загриженост кога е во прашање ефикасноста, има дадено 9 голови што е скоро дупло помалку од Барселона (17). Интересно е што целиот тим на европскиот шампион има постигнато исто голови колку само еден играч на каталонците-Лионел Меси.

Facebook Коментари