И ова се случува во НБА лигата: Го „плесна“ противникот по задникот, па беше исклучен (Видео)

tompson

Средбата во НБА лигата меѓу Мемфис Гризлис и Кливленд Кавалирс заврши со очекуван резултат, победа на домаќините од 113-109, меѓутоа овој дуел донесе и една интересна, необична ситуација која го привлече вниманието.

Центарот на гостите Тристан Томпсон беше исклучен во финишот на третата четвртина, откако го удри по задникот Џо Краудер кој требаше да ја напушти играта. Томпсон за овој потег доби втора техничка, а тоа значеше дека мора да го заврши натпреварот.

Во целата ситауција се чини судиите претерано изреагираа затоа што вакви моменти постојано гледаме на терените, плус Тристан и Џо се поранешни соиграчи, односно заедно го носеа дресот на Кавси.

-Да, ние имаме историја, тоа беше само натпреварувачки дух. Официјални лица тоа го сфатија погрешно затоа што изгледа дека заборавија дека ние бевме соиграчи, -рече членот на Кливленд.

-Многу лаење, секако без гризење. Тука ќе застанам, -истакна пак Краудер.

Овие двајца претходно имаа дуел на овој меч и добија технички, па можеби поради ова судиите вака реагираа и го исклучија Томпсон кој е еден од последните играчи од шампионската генерација на Кливленд.

Facebook Коментари