Ова ретко се гледа: Судијата Мансано прекина чиста контра на Валенсија, па веднаш им се извини на играчите (Видео)

mansano-valensija

Валенсија успеа да слави со 2:0 во големото дерби против Барселона кое се одигра ова попладне, што во превод значеше прв триумф за „лилјаците“ против каталонскиот гигант на „Месталја“ после цели 13 години.

До истиот дојдоа благодарение на двата гола кои ги постигнаа во второто полувреме, но крајно директни беа и во првиот дел во кој утнаа пенал и во кој создадоа неколку изгледни шанси, вклучувајќи и една која ја прекина судијата. Главниот арбитар Хил Мансано направи кардинална грешка и не му даде предност на Феран Торес кој трчаше осамен по десната страна, а со само тоа предизвика бес во гледалиштето.

Играчите на Валенсија веднаш го опколија судијата и бараа објаснување од него за прекинување на акцијата, а интересно, тој веднаш сфати дека направи огромна грешка и одма им се извини на теренот.

Facebook Коментари