Поврзете се со нас

Франција

Ова ретко се гледа: ПСЖ постигна три гола за 190 секунди! (Видео)

Објавено

на

ПСЖ многу полесно од очекувањата се справи во дерби пресметката со Монпелје, а значајна улога за тоа одигра и гостинскиот голман кој направи глупост и ги остави соиграчите на цедило цели 70 минути.

При резултат 0:0, Омлин преостро стартуваше над Мбапе надвор од шеснаесетникот и заработи директен црвен картон во 19-та минута, по што работите за фаворитот беа далеку полесни и поедноставни на теренот.

Набрзо после тоа, Килијан Мбапе го отвори резултат по прецизното додавање на Анхел Ди Марија, а потоа се чекаше се до 60-та минута кога видовме вистинска фудбалска расподија на домаќините во период од три минути и десет секунди.

За точно 190 секунди игра, домашните фудбалери успеаја да постигнат дури три гола во мрежата на Монпелје, со тоа што стрелци на погодоците беа Нејмар, Икарди и Мбапе.

Бразилецот го постигна голов во 60-та, а Французинот во 63-та минута, или поточно, беа потребни само 190 секунди за комплетно да го нокаутираат и откажат противникот. Иако имаше уште половина час, ПСЖ се задоволи со оваа предност и натпреварот заврши 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни