Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ова ретко се гледа: Фудбалер на Ст. Џонстон исклучен по само една минута на терен (Видео)

Објавено

на

Натпреварот од Конференциската лига меѓу Ст. Џонстон и ЛАСК заврши во корист на гостите од Австрија, а најмногу ќе биде запаметен по глупоста која ја направи еден од домашните фудбалери.

Се работи за Дејвид Вотерспун кој влезе во игра во 75. минута, за шеесет секунди подоцна истиот тој фудбалер да заработи директен црвен картон.

Вотерспун лесно наседна на провокација на еден противник и намерно го удри, по што заслужено беше испратен во соблекувалната.

Ст. Џонстон до крајот остана со двајца фудбалери помалку, а ЛАСК обезбеди место во следната фаза со победата 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни