Ова никогаш не му се случило: Гвардиола го има најлошиот старт на сезоната во кариерата (ФОТО)

pep-guardiola

Составот на Манчестер Сити доживеа пораз од Манчестер Јунајтед од 2-1 во денешното дерби во Премиер лигата со што може да се каже и дека се збогуваше со титулата без разлика што до крајот има уште многу да се игра, но минусот од 14 бода за Ливерпул е навистина голем ако се земе предвид како „црвените“ играат во актуелнава кампања.

Овој пораз воедно значеше и негативен рекорд на Пеп Гвардиола, односно најлош резултат во неговата менаџерска кариера. Имено по 16 кола Сити има само 32 освоени поени што на Шпанецот досега не му се случило за време на водењето на Барселона и Баерн Минхен.

Facebook Коментари