Поврзете се со нас

НБА

Ова не се гледа на терените: Дончиќ за влакно избегна судар со роботска камера (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ одигра уште еден квалитетен меч и беше клучен играч во победата на Далас Маверикс над Филаделфија 76 во последниот контролен меч пред продолжението на сезоната во НБА лигата.

Словенецот реализираше 23 поени со 7 скокови и 6 асистенции, но за време на средбата имаше и два непријатни моменти, ситуации при кои можеше да настрада.

Прво за малку избегна судар со роботската камера, поточно се тргна во последен момент. По дуелот тој се пошегува на социјалните мрежи објавувајќи еден ГИФ од филмот Матрикс со Кијано Ривс.

Воедно треба да се напомени и вториот момент кога ѕвездата на Далас можеше да се испружи, лизне на теренот, откако на теренот излегоа лицата задолжени за паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни