Ова не се гледа на тениските терени: Пер и Цонга заиграа фудбал за време на мечот во Хале, првиот направи и „ножички“ (Видео)

per

Француските тенисери дефинитивно се во центарот на вниманието на турнирот во Хале, па така откако вчера Гаел Монфис го украде шоуто со својот магичен потег и поен, денеска тоа го направи Беноа Пер и Жо Вилфред Цонга.

Двајцата заиграа фудбал во вториот сет, односно почнаа да си додаваат со топчето, па дури Пер проба да направи ножички. Оваа ситуација наиде на одобрување кај публиката која ги награди со насмевки и аплаузи.

Facebook Коментари