Поврзете се со нас

Англија

Ова не му се случило на англиски шампион од 1953 година: Астон Вила го посрамоти Ливерпул во Бирмингем (ВИДЕО)

Објавено

на

Уште еден голем англиски великан претрпе тежок пораз на средбите во Премиер лигата, односно по Манчестер Јунајтед кој настрада со Тотенхем (6-1), вечерва иста судбина го снајде Ливерпул кој беше понижен од Астон Вила со 7-2.

Да, точно 7-2 е резултатот од дуелот од Бирмингем на кој домаќините дојдоа до една од најголемите победи во историјата со оглед на  квалитетот и големината на противникот. На домаќините се им одеше од „рака“, од 11 упатени директни удари дури седум завршија во мрежата на Адријан.

Воткинс даде три гола, Грилиш два, а по еднаш погодија МекГин и Баркли. На спротивната страна двоен стрелец беше Мохамед Салах.

Со овој висок пораз Ливерул се запиша во историските фудбалски читанки, стана прв англиски шампион по Арсенал од 1953 година (против Сандерленд)  кој успеал да прими седум голови на еден лигашки меч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни