Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ова на „црвените“ одамна не им се случило: Негативни рекорди за Ливерпул во Мадрид (ФОТО)

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул не успеа да се снајде на вечерашното гостување во Мадрид каде загуби од Реал со 3-1 во првата средба од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ имаа доста проблеми пред се во одбраната, едноставно немаа доволно одговори за противникот кој добро знаеше што сака, ги искористи шансите и носи предност од два гола на „Енфилд Роуд“.

Изданието на четата на Јирген Клоп на „Алфредо Ди Стефано“ донесе некои негативни рекорди или поточно повторување на некои ситуации од минатото.

Англискиот шампион за прв пат по 2005 година и финалето со Милан прими два гола во прво полувреме во нокаут средба во елитното натпреварување.

Другиот негативен податок е дека Ливерпул не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Реал во првите 45 минути, ова е прва ваква ситуација за нив по 2014 година кога интересно ривал им беше токму шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни