Поврзете се со нас

НБА

Ова ќе го памети до крајот на животот: Грузиец имаше неверојатна партија и испиша историја во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/spurs

Победата на Лос Анџелес Лејкерс над Денвер Нагетс беше во фокусот на пресметките во НБА, но на еден друг меч беше испишана нова страница од историјата на најквалитетната лига на светот.

Имено Сан Антонио Спарс направи изненадување и пред своите гледачи славеше над Њујорк Никс со 120:105, резултат за кој огромна заслуга има резервистот Сандро Мамукелашвили.

Мамукелашвили го одигра најдобриот натпревар во НБА лигата со постигнати 34 поено со неверојатен процент на реализација (13/14 за игра, перфектни 7 од 7 за три поени).

Овој ефект го имаше за помалку од 20 минути на паркетот со што стана рекордер, односно играч кој постигнал најмногу кошеви, а притоа минал толку малку време на теренот.

-Не знам што е..но се случи. Не знам што е..но се случи, -истакна Сандро кој ги покрива позициите 4 и 5.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни