Поврзете се со нас

АБА лига

Ова го може само Жоц: Обрадовиќ беснееше и делеше лекции на „плус 26“ за Партизан (Видео)

Објавено

на

Партизан денеска ја оствари третата победа во новата сезона во АБА лигата, но без оглед на тоа што триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање, Жељко Обрадовиќ почувствува потреба да ги „испегла“ своите кошаркари и во ситуација кога се изгледаше мирно на теренот.

Легендарниот стручњак на почетокот на изминатово лето се врати во Партизан и беше пречекан со огромна возбуда, но играчите брзо дознаа дека во ниту една ситуација нема да се толерира момент на опуштање и потценување на противникот.

Популарниот „Жоц“ им делеше „жолчни“ лекции на своите кошаркари и во ситуација кога Партизан имаше „плус 26“ на семафорот, што доволно говори за каков перфекционист станува збор.

Обрадовиќ повика тајм-аут и ги подбра своите играчи, па иако говорот го започна на англиски, потоа продолжи во свој стил да ги буди и домашните кошаркари.

Ова се случи на три минути пред крајот на четвртата четврина, а Партизан го доби мечот против Студентски Центар со 79:57.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни