Поврзете се со нас

Свет

Ова го може само Пепе: Го покажа своето најлошо и најдобро лице во половина час (Видео)

Објавено

на

Пријателскиот натпревар меѓу Порто и Рома кој се одигра во Португалија на крајот не беше нималку пријателски, од едноставна причина што двајца фудбалери предизвикаа вистински хаос на теренот на 25 минути пред крајот.

Пепе во свој стил стартуваше прежестоко за еден подготвителен меч и буквално го разби Мхитаријан, па Ерменецот беше до толку лут, што сакаше физички да се пресметува со искусниот стопер на Порто.

Дури и резервните фудбалери влетаа на теренот во обид да спречат немили сцени, па откако успеаја во тоа, мечот беше приведен до самиот крај.

Натпреварот заврши 1:1, но истиот ќе се памети по двете лица кои ги покажа Пепе во период од половина час.

Најпрво предизвика вистинска мешаница со Мхитаријан, а по мечот покажа и голема класа, бидејќи на малите дечиња од Паршал им делеше подароци како спомен од фудбалскиот клуб Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни