Поврзете се со нас

Свет

Ова го можат само големи мајстори: Теодосиќ измисли додавање за асистенција и ги воодушеви сите кошаркарски фанови (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Виртус Болоња без проблеми ја реши градската пресметка против Фортитудо во првата лига на Италија, средба која ја одбележа Милош Теодосиќ со мајсторија во негов стил, мајсторија која веднаш стана вистински хит на социјалните мрежи и сите специјализирани кошаркарски сајтови.

Српскиот плејмејкер запиша дури 14 асистенции, но онаа во првиот дел навистина ретко се гледа на терените. Имено Милош успеа да измисли додавање, да го пронајде соиграчот без гледање со тоа што Ричи врати со тројка за комплетирање на акцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни