Поврзете се со нас

Светски првенства

Ова го можат само големи мајстори: Швеѓанецот Ване даде гол од невозможна позиција (ВИДЕО)

Објавено

на

Шведска го потврди статусот на фаворит и издвојува триумф над Египет од 26-22 во четвртфиналето на Светското првенство.

Домаќините покажаа многу повеќе на дуелот во Стокхолм и со тоа дојдоа чекор поблиску до светскиот трон со тоа што следен ривал на тој пат им е селекцијата на Франција. Никлас Екберг со шест гола беше најпрецизен играч кај Швеѓаните, но најубавиот гол дефинитивно беше дело на Хампус Ване.

Левото крило успеа да реализира од невозможна позиција, „мртов агол“, односно некако пронајде место таа топка да мине низ голманот Хендави и да заврши во мрежата. Секоја чест!!!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни