Поврзете се со нас

Европски првенства

Ова го можат само големи мајстори: Модриќ со фудбалска бравура ја одведе Хрватска во осминафиналето на ЕП (Видео)

Објавено

на

Хрватска и Шкотска во директен дуел решаваа за тоа која селекција ќе патува во нокаут рундата на Европското првенство, но како далеку поискусна и посериозна репрезентација, „коцкестите“ ја направија главната разлика во вториот дел.

По првите 45 минути резултатот беше 1:1 со головите на Влашиќ и МекГрегор, па победникот се решаваше во второто полувреме во кое до израз дојдоа најдобрите играчи на хрватскиот тим.

Капитенот Лука Модриќ постигна бравурозен погодок и со фудбалска мајсторија се запиша во историјата на хрватскиот фудбал, бидејќи со ремек-делото со надворешниот дел од стапалото се погрижи за уникатен рекорд.

Модриќ претходно беше најмладиот хрватски голгетер на едно Европско првенство, а со погодокот за 2:1 стана и највозрасниот со 35 години и 285 дена. Ѕвездата на Реал Мадрид го постигна овој клучен погодок во 62-та минута, а во продолжение Перишиќ ги постави конечните 3:1 за победа на Хрватска и пласман во осминафиналето.

Во оваа рунда нема да ја гледаме Шкотска која не ја искористи предноста од домашен терен, но таму ќе биде Англија која како првопласирана од оваа група денеска ја победи и Чешка. Англичаните победија со погодокот на Стерлинг, но изгледна шанса за пласман како најдобро третопласирани имаат и Чесите кои освоија четири бода досега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни