И ова го има во НБА лигата: Ѕвезда на Мајами се предозирала со гумени бомбони и паднала во несвест

dion

НБА лигата освен супер кошарка и квалитетни, атрактивни потези, акции ни нуди и навистина чудни и бизарни ситуации на терените и надвор од него.

Уште една од низата на такви ни доаѓа од Мајами Хит или во случајот се работи за членот на оваа екипа Дион Вејтерс. Тој требаше да го одигра својот прв меч во оваа сезона против Лос Анџелес Лејкерс, но верувале или не тој истиот мораше да го пропушти затоа што изел премногу гумени бомбони и не онесвестил во авионот.

Потоа тој добил и напад кога се разбудил, пренесуваат американските медиуми. Мајами во своето објаснување зошто Вејтерс не беше во комбинација за дуелот со Лејкерс истакна дека се работи за болест, односно медицински причини, ама денеска е тешко нешто да се сокрие, па дефинитивно ова е уште една од низата на глупости на бекот кој е познат по тоа што знае истите да ги прави и затоа и не играше досега во сезоната.

Facebook Коментари