Ова го има само во НБА: Техничка грешка поради погрешно носење дрес на секунда пред крајот, па драма за паметење! (Видео)

oklahoma-1

Богатата НБА програма ни понуди дури 10 натпревари изминатава вечер, но кога се во прашања возбудувањата и неизвесноста, убедливо најлудо беше во Оклахома каде фановите во салата беа сведоци на нереална сцена.

Гостите од Минесота имаа водство од 121:119 на една секунда пред крајот и слободно фрлање пред нив, но тогаш Крис Пол забележа дека еден од играчите на гостинскиот тим го прекршува специфичното НБА правило. Џордан Бел го немаше ставено дресот во своите шорцеви кога влезе на паркетот, а според правилата на НБА, тоа е техничка грешка. Поради ова, Оклахома намали на 121:120, а потоа следеше драма за паметење. Минесота го погоди своето слободно фрлање, но во последниот напад, Адамс и Шродер изрежираа чудо преку цел терен и го одведоа мечот во продолжение (122:122). По овие нестварни случувања, домаќините добија на самодоверба, па на крајот победија со 12 поени разлика (139:127).

Facebook Коментари