Поврзете се со нас

Светски првенства

Ова го има само во Јужна Америка: Полицијата влезе и го прекина дербито меѓу Бразил и Аргентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалот во Јужна Америка секогаш ни нуди специфични ситуации, необични моменти, но и потези за кои нема објаснување…а уште една потврда за тоа е вечерашното дерби меѓу Бразил и Аргетина од квалификациите за Светското првенство.

Дуелот беше прекинат по само неколку минути и тоа откако полицијата и здравствените власти влетаа на теренот. Причината за тоа се четворица аргентински репрезентативци Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез, Емилијано Буандија и Кристијан Ромеро кои морале да заминат во карантин затоа што доаѓаат од Велика Британија.

Тоа се ковид правилата на Бразилците, правила кои во овој случај Аргентинците не ги испочитувале, па дури тројца од нив се најдоа во почетната постава.

Официјалната информација е дека мечот е суспендран, но како што стојат работите тешко дека истиот ќе може да продолжи оваа вечер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни