Поврзете се со нас

Свет

Ова го има само во Јужна Америка: Голман со луциден погодок ја матираше Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Во Јужна Америка се вратија возбудувањата во Копа Либертадорес, натпреварување кое во европски рамки е еднакво на Лигата на шампионите.

Секогаш има многу возбудувања, необични моменти, ситуации во Копа Либертадорес, па таков еден беше забележан на дуеот меѓу Барселона од Еквадор и Жуниор од Колумбија. Имено гостинскиот голман, Себастијан Виера беше човекот кој ја најави победата на неговата екипа и тоа со погодок од слободен удар.

Виера во 7 минута отиде на спротивната страна на теренот и со луциден удар, ниско по земја ја испрати топката во мрежата на домаќините за голема негова радост и на сите негови соиграчи.

Добро е познато дека во минатото токму во Јужна Америка имаше многу голмани кои изведуваа прекини, пенали и слободни, а таа традиција сега ја продолжу Виера.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни