Поврзете се со нас

Свет

Ова го има само во Аргентина: Криминален старт и тепачка на дербито на „Бомбонера“ (Видео)

Објавено

на

Бока Јуниорс со минимални 1:0 го доби локалното дерби на Буенос Аирес против Велез, но иако се чинеше дека се ќе мине во најдобар ред, на крајот сепак видовме една голема мешаница на теренот.

Фаворитот победи благодарение на голот на Моралес во 79-та минута, но точно десет минути подоцна, еден играч на гостинскиот тим се исклучи и режираше криминален старт кој предизвика хаос на теренот.

Ортега остана бесен по еден чист старт од Адвинкула, па режи да му врати на ривалот со криминален влез на нога, што сосема јасно беше казнето со директен црвен картон.

Сепак, ова не беше единственото исклучување кое го покажа судијата на главниот меч, бидејќи страстите зовреа, па неколку играчи влегоа во клинч на теренот.

Покрај „џелатот“ Ортега, на предвремено туширање заминаа и Васкез од Бока и Гомез од Велез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни