Поврзете се со нас

Шпанија

Отворена истрага во Шпанија: Винисиус требал да добие црвен картон пред клучниот гол за победа на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Алмерија донесе низа контроверзни ситуации и безброј реакции во шпанската спортска јавност, но истите не стивнуваат и еден ден по завршницата на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал направи пресврт во доста спорни услови против Алмерија и победи со 3:2, а иако во фокусот се најдоа трите ситуации кои беа проверувани од главниот судија Маесо и одговорниот судија во ВАР собата, Ернандес Ернандес, сега во јавноста „протече“ аудио снимка која предизвика дополнителен бес кај приврзаниците на шпанскиот фудбал.

Фудбалските фанови можеа да ја слушнат комуникацијата која ја имаа Маесо и Ернандес за трите спорни ситуации кои беа досудени во корист на Реал, но сега во јавноста се појави аудио снимка од ситуација која не беше проверена.

Винисиус Жуниор е вклучен во новата контроверзна ситуација која не беше прегледана официјално од ВАР, а главен виновник за тоа е човекот во „заштитената соба“, Ернандес Ернандес.

Бразилецот му удрил лакт во лице на Позо во 86-та минута при резултат 2:2 и оваа снимка ексклузивно ја објави шпански „Гол“, но неколку часа подоцна, во јавноста се појави и аудио снимката која предизвика голем револт во Шпанија.

Според правилата, достапни за јавноста треба да бидат само снимките во кои официјално се прегледува една ситуацијата од ВАР, а бидејќи случајот не е таков за ситуацијата со Винисиус и Позо, судиското тело во Шпанија сега отвори истрага и ќе го бара „кртот“ кој ја доставил снимката до новинарите.

Објавената комуникација е следна:

Ернандес Ернандес: Можен прекршок во напад, сакам да го видам ова….. Сакам да го видам одблиску…..

Ернандес Маесо: Според мене нема ништо, клинч од двајцата и играчот на Алмерија се жали за удар во лицето

Ернандес Ернандес: Има движење со лактот, го удира малку во лицето. Завршува прегледот, продолжуваме во живо…….

Видеото од ударот на Винисиус погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни