Поврзете се со нас

Свет

Отворена фудбалска војна: УЕФА им се закани на клубовите и играчите кои ќе бидат дел од Суперлигата

Објавено

на

Десетина европски клубови успеаја во својата намера да формираат таканаречена моќна Суперлига со која треба да се засени Лигата на шампионите, а во часови кога се чека официјална инаугурација на ова натпреварување, пристигна жестоко соопштение од УЕФА која вели дека ќе направи се за да го стопира овој циничен турнир.

Европската фудбалска унија собра потписи од најважните тела во Англија, Шпанија и Италија кои исто така се против проектот на фудбалските моќници од Европа, меѓу кои сепак не е еден Баерн Минхен и ПСЖ кои не се дел од потписниците. Како најбогати клубови во овој момент, се верува дека дури шест англиски премиерлигаши се согласиле да бидат дел од Суперлигата, но сега УЕФА се закани дека сите клубови кои ќе бидат дел од натпреварувањето нема да имаат право да играат во националните првенства и во сите натпреварувањата во Европа.

– УЕФА, Англиската асоцијација, Премиер лигата, Шпанската Федерација, Ла Лига, Италијанската Федерација и Серија А добија информација дека одредени англиски, шпански и италијански клубови планираат да го соопштат постоењето на натпреварување наречено Суперлига.

– Ако ова се случи, сите горенабројани институции, вклучувајќи ја и ФИФА, взаемно ќе ги споиме силите за да спречиме еден циничен проект, проект кој е заснуван и во корист на само неколку одредени клубови, и тоа во време кога е најважна солидарноста повеќе од било кога.

– Фудбалот отсекогаш се базирал на отворени првенства, кои се заслужуваат поради остварен спортски успех. Клубовите кои го планираат ова натпреварување, нема да смета да играат во ниту едно национално првенство, на европско и светско ниво, а играчите на овие клубови ќе имаат забрана за претставување на своите селекции. Им благодариме на другите клубови од останатите земји, особено на германските и француските клубови кои го одбиле овој проект, – гласи објавата на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни