Англија
Отпуштениот премиерлигашки судија откри дека е хомосексуалец: Имав проблеми да ја сокријам мојата сексуалност

Дејвид Кут до минатата сезона важеше за еден од најквалитетните англиски судии, па иако имаше запазени изданија и на Европското првенство, крајот на годината му донесе низа проблеми, кои на крајот резултираа со негово отпуштање од елитното друштво.
Премиер лигата најпрво привремено го суспендираше Кут откако се појави видео на кое се гледаше како испраќа погрдни зборови за Ливерпул и Јирген Клоп, но скандалот дополнително доби на значење по видеото на кое беше прикажано како користи кокаин.
Во ексклузивното интервју за „Сан“, прво по заработениот отказ во Премиер лигата, Кут признава дека бил зависен од кокаин и го користел за да се справи со стресот, но исто така на цела англиска јавност и откри дека дополнителен проблем во целата кариера му било тоа што ја криел сексуалноста.
– Приказната која сега ви ја кажувам нема да биде автентичан ако не признаам дека сум хомосексуалец и дека имав големи проблеми обидувајќи се да го прикријам тоа. Ги криев моите емоции како тинејџер и млад судија, ја криев мојата сексуалност. Тоа е добар квалитет како фудбалски судија, но ужасен квалитет за човек.
– Сето тоа ме однесе на погрешен курс, ме одведе до ситуации кои не можев да ги контролирам. Точно е дека користев кокаин, не се препознавам себеси и не бев трезен во видеото за Клоп. Со кокаинот бегав од реалноста, тоа беше бегство од стресот и немилосрдноста на работата. Исполнет сум чувство на голем срам додека го кажувам ова. Во текот на мојата кариера бев малтретиран, а ако откриев дека сум хомосексуалец, тоа дополнително ќе ги влошеше работите. Мора да се работи навистина многу за да се намали дискриминацијата во фудбалот, – потенцира Кут.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот