Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Отпишаниот“ Лил го шокираше Реал, Атлетико доживеа катастрофа и прими четири гола (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Новиот формат во Лигата на шампионите носи уште поголеми возбудувања и поголем број натпревари во иста вечер, а денеска во ист термин ги гледавме двата лути ривали од Мадрид.

По жешкото дерби кое го одиграа во неделата на „Метрополитано“, двата мадридски тима вечерва претрпеа шокантни порази во најелитното натпреварување.

Тренерот на Лил говореше дека неговиот тим најверојатно ќе загуби од Реал и практично „покажа бело знаме“ уште на прес-конференцијата, но ова излезе како добра тактика да ги мотивира своите фудбалери, кои вечерва дадоа се од себе за да го победат европскиот шампион.

Францускиот претставник најмногу профитираше од невнимателниот Камавинга кој направи пенал пред крајот на првиот дел, како и од добрата реализација на Давид.

Реал Мадрид не успеа да се врати и да постигне барем бод за реми, па „кралевите“ уште во раната фаза го претрпеа првиот пораз во новиот формат на ЛШ.

Истото важи и за Атлетико Мадрид, но избраниците на Чоло Симеоне доживеаја вистинска катастрофа, бидејќи вечерва беа декласирани на „Луж“ со 4:0.

Бенфика го разби фудбалски ривал од шпанската престолнина, и тоа со головите на Артукоглу, Бах и Ди Марија и Кокчу од белата точка.

Пеналот за Лил погледнете го ТУКА

Головите на Бенфика погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни