Поврзете се со нас

Германија

„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/s04_en

Лорис Кариус почна да се губи на фудбалската мапа откако го заврши престојот во Ливерпул и имаше низа неуспешни епизоди во Бешикташ, Унион Берлин и Њукасл, но последниот важечки договор му заврши на крајот на минатата сезона и повеќе од шест месеци беше слободен агент.

Германскиот чувар на мрежата се најде во немилост на многу познати клубови и не успеваше начин да си пронајде нова средина, но сега ќе ја спасува кариерата во домашниот великан кој исто така минува низ тежок период.

Шалке 04 реши да му подаде рака на „отпишаниот“ Кариус и му понуди договор до крајот на сезоната, според кој великанот од Гелзенкирхен му дава шанса на Лорис да ја врати кариерата на посакуван правец.

Кариус во две сезони во Њукасл запиша само два настапи и не може да се пофали дека е во натпреварувачки ритам, па јасно е дека ќе му биде потребно и време за да се избори за место во тимот на Шалке 04.

Во овој момент, познатиот германски великан е на 13-то место во втората Бундеслига, со осум бода помалку од третопласираниот Хамбургер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни