Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Откровението на сезоната на Баерн: Одев во школо и уживав да го гледам Меси, а сега ќе треба да го чувам

Објавено

на

Лионел Меси во секој случај ќе биде најголема закана за одбраната на Баерн Минхен во текот на утрешното четвртфинале во Лигата на шампионите, натпревар кој покрај големото ривалство меѓу двата клуба, буди посебни емоции кај младиот Алфонсо Дејвис и поради фудбалските чувства кои ги имал кон Аргентинецот.

Левиот бек кој е откровение на сезоната на Баерн Минхен и германската Бундеслигата ќе се соочи со најголемиот предизвик во кариерата, односно ќе има за задача да го чува еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Алфонсо Дејвис признава дека во своето детство уживал да го гледа Меси, а десетина години подоцна, ќе мора да внимава на него и да го чува голот на Баерн Минхен.

– Кога бев мал, постојано сакав да го гледам Меси и сега ќе треба да се соочам со него. Ќе биде комплетно ново да го гледам крај мене на теренот. Се надевам дека ќе одиграм најдобро против него и дека ќе му помогнам на мојот тим. Сите знаеме каков играч е Меси, ќе се обидам да му парирам, – изјави Алфонсо Дејвис за официјалната страна на УЕФА.

– Одев во школо и во фудаблската академија и со врсниците гледавме натпрвари од Лигата на шампионите. Сега ќе можам да играм против еден од моите омилени фудбалери, мојот идол и тоа е неверојатно. Си го остарив сонот, мајка ми и татко ми се смеат поради тоа што ќе го чувам Меси. Тие добро знаат колку многу го сакав како мал, – открива Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни