Поврзете се со нас

Шпанија

Откровението на Флик: Кога имам проблем на теренот, секогаш ја додавам топката до еден играч

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_es

Барселона успеа да оствари голема победа во Дортмунд и во драматично второ полувреме славеше со 2:3, триумф кој ги искачи каталонците дури на второто место на табелата во Лигата на шампиони.

Последните проблеми во домашното првенство не се пренесоа во Европа и Барса продолжи да бележи добри резултати, а вчера еден од оние кои најмногу работеа на теренот беше Марк Касадо.

Младиот играч за врска е откровение на Ханси Флик од стартот на сезоната и брзо прерасна во играч кој ужива голема доверба меѓу соиграчите, но самиот вели дека еден се издвојува од останатите во средниот ред и за него е таканаречена „безбедна зона“.

– За мене, Педри е играч од светска класа. Секогаш кога имам проблеми на теренот, му ја додавам топката нему.

– Тој е гаранција дека топката е на безбедно, затоа е многу лесно да играте блиску до него на теренот, – вели Касадо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни