Откриено кои три гола од мечот ПСЖ-Звезда се „под лупа“ од УЕФА (Видео)

neki-zvezda

Угледниот француски таблоид „Лекип“ ја крена на нозе цела светска спортска јавност, откако изминатава недела излезе со ексклузивна информација и дојава од УЕФА за наводна местенка во Лигата на шампионите.

Станува збор за мечот меѓу ПСЖ и Црвена Звезда кој заврши со високи 6:1, а главниот сомнеж се појавува поради тоа што еден важен функционер на српскиот тим се обидел да уплати 5 илјади евра на тим дека „црвено-белите“ ќе примат најмалку пет голови во Париз.

„Лекип“ информираше дека првите луѓе на УЕФА стапиле во контакт со француските служби за комплетно расчистување на случајот, а додека двата клуба се оградуваат од било каква вмешаност во можен скандал, истиот медиум ги откри и трите гола кои исто така им се сомнителни на највисоките тела во европскиот фудбал.

Се работи за три од вкупно седумте постигнати погодоци на овој натпревар, односно голот на Нејмар за 2:0, оној на Единсон Кавани за 3:0 и погодокот на Килијан Мбапе за 5:0. Во сите овие ситуации одбраната на Звезда делува премногу пасивно, па од УЕФА се разгледува дали можеби и дел од играчите имале некаква вмешаност во овој нерасветлен случај.

Facebook Коментари