Поврзете се со нас

Балкан

Откриено е колку Гатузо заработува во Хајдук – цифрата е огромна

Објавено

на

Сплитскиот Хајдук со години се обидува да ја прекине доминацијата на Динамо во хрватскиот фудбал. Навивачите на тимот од Пољуд не се откажуваат, доста се лојални, купуваат сезонски билети, но нешто не е во ред.

Пред почетокот на новата сезона во Хајдук решија да ангажираат тренер со звучно име. И тоа секогаш чини прилично многу.

Во меѓувреме се откри и колку. И тоа по големиот неуспех на Хајдук и турбулентните случувања во овој клуб. Имено, сплитчани во третото коло од квалификациите за Конференциската лига беа елиминирани од Ружомберок од Словачка, а не се снајдоа најдобро ниту во ХНЛ.

Исто така, дојде до конфликт меѓу Џенаро Гатузо и Иван Перишиќ. Сето тоа ги подгреа сомнежите дека Италијанецот не е најдоброто решение за Хајдук, особено не поради огромната плата за условите во земјите од поранешна Југославија.

Познатиот сплитски новинар Едо Печи во подкаст ја откри платата на Гатузо како гостин, според него, Италијанецот треба да заработува 2,4 милиони евра годишно. Во таа сума не се вклучени трошоците на неговите помошници!

И не само тоа, доколку Гатузо добие отказ од Хајдук, ќе има право на отпремнина од 2,5 милиони евра.

Всушност висината на платата му е иста како и во другите клубови каде што претходно работеше. Првата работа му беше во Милан каде заработуваше 2,5 милиони евра годишно. Тогаш имал разбирање, па за време на пандемијата решил да ги прости долговите, за да нема отпуштања во работната заедница.

Гатузо имаше најниска плата во Наполи, околу два милиони евра. Инаку, во тој клуб го освои и единствениот тренерски трофеј во кариерата. Валенсија и Марсеј плаќаа по три милиони евра годишно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни