Поврзете се со нас

Шпанија

Откриени сите клаузули: Барселона може да плати двојно повеќе од фиксната цена за Роке

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке беше единствено зимско засилување за БАрселона и потребни му беа неколку недели да се адаптира во новата средина, пред да почне да покажува за каков фудбалски потенцијал станува збор.

Бразилскиот напаѓач постигна два гола на последните два меча против Осасуна и Алвес и придонесе Барса да оствари две важни победи, а во моменти кога се навршува еден месец од неговото деби, угледните каталонски медиуми на големо пишуваат за потпишаниот договор со Атлетико Параенсе.

„Мундо Депортиво“ објави дека добил најверодостојни детали од целиот договор кој го склучиле двата клуба, па според истиот, Роке може да ја чини Барселона двојно повеќе од воведните 30 милиони евра.

Каталонците се согласија да ја платат оваа сума како фиксна, но каталонскиот весник обелоденува дека во договорот се вклучени низа клаузули, според кои конечниот трансфер може да достигне и 61 милиони евра.

Популарниот „Тигрињо“ потпиша долгорочен договор до 2031-ва година, но од споменатите фиксни 30 милиони евра, Барселона во јануари уплатила само 5 милиони евра. Останатите 25 милиони евра ќе бидат исплаќани на идентичен начин на секои шест месеци во наредните две и пол години, а варијабилнита сума зависи од исполнување на одредени цели.

Барселона ќе треба да исплати по 5 милиони евра за секоја сезона во која Роке ќе одигра повеќе од 50 проценти од натпреварите (важи за првите пет години), а 5 милиони евра ќе заминат во касата на Атлетико и доколку „Тигрињо“ биде еден од трите финалисти за наградата „Бест“ која ја доделува ФИФА. Според „Мундо Депортиво“, последниот бонус се однесува на „Златната топка“, а Барса ќе исплати уште еден милион евра доколку Роке биде прогласен за најдобар светски фудбалер од Франс Фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни