Поврзете се со нас

Италија

Откриена вистинската причина: Познато зошто Кјелини го мрази Фелипе Мело

Објавено

на

Џорџо Кјелини крена голем прав во италијанската јавност со објавата на својата автобиографија, а со оглед на тоа што со интервјуто за „Ла Република“ гласно и директно ги оцрни Марио Балотели и Фелипе Мело како лоши луѓе, очекувано е што има безброј реакции.

Веќе се јавија и самите прозвани фудбалери и двајцата жестокот му одговорија на капитенот на Јувентус, со тоа што Бразилецот Мело ги нагласи сите порази кои му ги нанел на стоперот во неговата кариера. Фелипе посебен акцент стави на победата која ја оствари со Галатасарај над Јувентус откако го напушти Торино, но сега излезе верзија која ни ја открива вистинската причина за невкусните зборови кои ги употреби Џорџо.

Кјелини нагласи дека Мело е „најлош меѓу најлошите“ и дека прави атмосфера за тепачка во секој момент, a „Тутоспорт“ сега обелоденува дека нетрпението од капитенот кон Мело датира уште од 2011-та година, односно од последните денови на Бразилецот во Торино.

– Кјелини не мисли на поразот од Истанбул во 2013-та година, туку на неговите две опасни години во Јувентус во кои Бразилецот не можеше да се контролира. Дете од Примавера остана без штитникот поради несовесен старт на агресивниот Мело, во тие две години не успеа да се вклопи во тимот и не сакаше помош од никого.

– Сепак, најболно е интервјуто кое го организираше клубот со фановите во 2011-та година, а кое беше цензурирарно. Мело порача дека „не му е грижа за фановите“. Кога си заминуваше во 2011-та година, со иронична насмевка и лажна желба за освојување на Скудетото ги поздрави соиграчите, но Јувентус на крајот го освои првенството и го фрли во втор план „пророштвото“ на Мело, – гласи појаснувањето на „Тутоспорт“ кое всушност ја открива вистинската причина за зборовите кои ги употреби Кјелини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни