Откриена причината за убиството на линчуваниот и кастриран играч на Сао Пауло (Фото)

korea-zena2

Фудбалската јавност беше потресена од грозоморната вест која пристигна од Бразил минатата недела, кога фудбалерот Даниел Кореа беше пронајден мртов во грмушки откако претходно бил линчуван и дури и кастриран од страна на убиецот.

Неколку дена по шокантната вест за играчот на Сао Пауло, бразилската полиција излезе со први детали за страшното дело, кои пак ни откриваат дека всушност главен причинител за овој хорор бил токму Даниел Кореа кој си играл со „оган“ пред да биде брутално ликвидиран.

Последните фотографии кои Кореа ги испратил на „Ватсап“ се како лежи во постела на жена за која на својот пријател се фалел дека ќе ја „изеде“, а тоа всушност била сопругата на човекот кој подоцна го убил, а подоцна и го кастрирал играчот пред да го фрли во грмушки на напуштена улица.

Сторител на ладнокрвното убиство е Адисон Бритес, човекот кој всушност го фатил Кореа на дело како се обидува да ја силува неговата сопруга.

– Тоа што го направив не го направив само за мојата сопруга. Тоа беше за сите жени во Бразил. Ги спасив од тој монструм, – истакнал Бритес по приведувањето во полиција.

korea-zena

korea-zena1

Facebook Коментари