Откриена причината за кунг-фу испадот на Евра (Видео)

kung-fu-evra

На француските медиуми не им беше потребно многу време за да го објават видеото на кое се гледа како Патрис Евра со кунг-фу потег удира навивач на Марсеј за време на загревањето кое го имаа тој и неговите играчи пред стартот на дуелот со Гимараеш, но неколку часа подоцна, пристигна уште едно видео во кое е прикажан и првиот конфликт меѓу искусниот бек и навивачите кои допатуваа во Португалија.

Поранешниот лев бек на Манчестер Јунајтед ги прескокна рекламните паноа и се втурна во фановите со цел да им порача дека не се плаши од нив, а потегот кој го изведе подоцна и кој сите го видоа му донесе црвена картон, а најверојатно и ригорозна казна од страна на клубот. Француските медиуми во текот на денешниот ден постојано се занимаваат со оваа сцена, а истите пренесуваат дека Евра тргнал да се пресметува со своите фанови поради тоа што дел од нив упатиле расистички навреди за кои Евра знаеше да избувне и во минатото кога имаше конфликт со Луис Суарез.

Facebook Коментари