Поврзете се со нас

Германија

Откриена крајната граница на германскиот великан: Платите во Баерн се поделени во четири групи (Фото)

Објавено

на

Баерн Минхен ослободи добар дел од своите годишни трошоци со заминувањата на играчи како Давид Алаба, Џером Боатенг, Даглас Коста и Хави Мартинез, а политиката која ја води клубот и натаму останува иста како и претходно и нема никакви планови за пречекорување на максималната граница која е поставена од водечките луѓе.

Во неколку наврати, првите луѓе на Баерн порачаа дека клубот никогаш нема да потроши 100 милиони евра за трансфер на еден фудбалер, но Германците се држат и до строгите правила кога се во прашање и преговорите со агентите на фудбалерите. Баерн Минхен како крајна граница за плата на еден фудбалер има поставено 20 милиони евра, но во таа група можат да влезат само неколку играчи од првиот тим за кои клубот смета дека се незаменливи.

Поради ваквиот традиционален пристап, Баерн му дозволи на Алаба да си замине како слободен агент откако Австриецот бараше значително зголемување на платата, па откако тој ова попладне беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, пристигна една интересна листа од „Билд“ поврзана за платите на играчите на Баерн.

Според хиерархијата, платите во Баерн се поделени во четири групи, односно играчи кои заработуваат од 15 до 20 милиони евра, играчи кои добиваат од 10 до 15 милиони евра, првотимци кои инкасираат од 5 до 10 милиони евра и оние чија плата достигнува максимум 5 милиони евра.

На врвот на оваа листа е Роберт Левандовски со 20 милиони евра бруто плата, втор е Мануел Нојер со 18 милиони евра, Лерој Сане добива 17 милиони евра, додека Томас Милер ја заокружува оваа група со 15 милиони евра.

Во втората група се играчи како Лукас Ернандез, Гнабри, Коман и Кимих, со тоа што овие последните двајца веќе имаат почнато преговори за да влезат во првата група која надминува 15 милиони евра по сезона.

Во третиот ешалон се играчи како Суле и Толисо, но тука е и Леон Горецка кој прави максимален притисок да добива далеку подобра плата од онаа актуелната која не надминува 10 милиони евра.

Во последното групирање од клубот се играчите кои добиваат плата до 5 милиони евра, а таму се Алфонсо Дејвис, Марк Рока и Чупо Мотинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни