Поврзете се со нас

Шпанија

Откриена конверзацијата меѓу Винисиус и главниот судија Мунуера: Можно е да погрешив, но…. (Видео)

Објавено

на

Винисиус Жуниор беше резерва на натпреварот против Рајо Валјекано и доби шанса во завршните 30 минути, период кој беше доволно долг Бразилецот да се најде неколку пати во центарот на вниманието.

Вини многу брзо влезе во конфликт со главниот судија Мартинез Мунуера и се најде во неговиот бележник со жолт картон, но исто така, протестираше и во продолжение поради контроверзната ситуација која не беше окарактеризирана како пенал.

Иако доби удар во дуелот со Мумин, Мунуера сметаше дека нема доволно елементи за пенал во ситуацијата која се случи при резултат 3:3, а бидејќи се крена голема прашина на оваа тема, медиумите ја доловија и комуникацијата која ја имал Бразилецот со главниот арбитар.

Карло Анчелоти посочи дека Реал бил оштетен и оставен покус за чист пенал, па ако се суди според зборовите на Мунуера, судијата очигледно доста брзо сфатил дека направил грешка.

– Слушај, слушај, можно е да погрешив. Ќе видиме дали сум погрешил, но немој да доаѓаш така кон мене….., – му вели Мунуера на Винисиус.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни