Поврзете се со нас

Шпанија

Откриена комуникацијата меѓу судијата Мансано и ВАР за недосудениот „Ел Класико“ пенал за Барселона (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанските медиуми почнаа да добиваа инсајдерски аудио снимки од ВАР кои не се пренесувани во јавноста, па откако тоа стана тренд за натперварот кој го одиграа Реал Мадрид и Алмерија, сега новинарот Жерард Ромеро ја откри комуникацијата која ја имале судиите во 11-то коло кога се играше „Ел Класико“.

Единствен спорем момент на таа средба беше недосудениот пенал за Араухо при водство од 1:0 за Барселона, па иако поминаа неколку месеци, сега се активираше полемиката и дополнително се зголеми притисокот врз судиите.

Судиското тело во Шпанија најави истрага која треба да открие кој ги пренесува аудио снимките до новинарите кои не смеат да имаат пристап до такви содржини, но пред да дојде до такво нешто, фановите добија причина плус да се сомневаат во луѓето кои се одговорни за ВАР.

Ромеро ја долови комуникацијата на Хил Мансано како главен судија и Квадра Фернандес како одговорен во ВАР, при што двајцата заклучуваат дека нема пенал за Араухо, додека друг глас од ВАР собата смета дека потегот на Чуамени е на граница на дозволеното.

Хил Мансано: Ништо, ништо, го повлекува и заедно скокаат, нема ништо повеќе…..

Квадра Фернандес: Го фаќа со раката, а другиот се обидува да падне наназад. Точно е дека ја става раката врз него, но никогаш, никогаш нема да биде за пенал….

Друг глас од ВАР: Повлекувањето за мене е на граница на дозволеното….

Квадра Фернандес: Да, но само му ја става раката, нема ништо повеќе од тоа Хесус…….

Во продолжение, потсетување на спорниот момент

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни