Германија
Откриена големата тајна на гол машината: Неверојатната диета која му ја променила кариерата на Левандовски
Роберт Левандовски има застрашувачки „убиствен инстинкт“ пред противничкиот гол и секогаш е немилосрден кон ривалските одбрани и голманите, а тоа го демонстрира од сезона во сезона во Бундеслигата, прва како ѕвезда на Борусија Дортмунд, а сега како прв напаѓач на Баерн Минхен.
Популарниот Роби е еден од ретките фудбалери во модерниот фудбал кој се води како класична „9-ка“, а како таков, привлекува огромно внимание не само поради постигнувањето на голови, туку и поради професионалниот живот и стриктната диета која ја води. Во сето тоа му помага неговата сопруга Ана која е познат нутриционист во Полска, а чија диета ја применуваат и неколку полски репрезенатитвци, покрај нејзиниот сопруг.
Тоа го откри екс соиграчот на Левандовски, Полјакот Тиаго Сионек кој своевремено беше дел од репрезентацијата во која лидер е напаѓачот на Баерн.
– Левандовски е човек кој е гладен да ги прави подобри и другите и поради тоа користи специјална диета која му ја состави неговата сопруга. Таа е нутриционист и многу е позната во Полска. Роберт дури ми има признаено дека нејзината диета му ја променила кариерата, драстичната промена на храната се случила во елитниот фудбал. Неговата сопруга многу му помогна да биде тоа што е денес, но и на многу други полски играчи од селекцијата, – открива Сионек за „ЕСПН“, по што подетално ја опишува неверојатната и строга диета.
– На денот кога се игра мечот, тој јаде многу протеини и секогаш има туна за појадок. Избегнува се што има глутен и лактоза. Ден пред мечот, после вечерата, тој јаде пудинг со ориз за да го наполни телото за јаглехидрати и гликоза за следниот ден. После тоа, се регенерира со зеленчук и авокадо. Тоа е неговиот успешен рецепт, – открива Полјакот кој сега настапува за СПАЛ.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!