Поврзете се со нас

Европски првенства

Откажана прес-конференција на Холанѓаните – ова е причината

Објавено

на

Прес-конференцијата на холандската фудбалска репрезентација во пресрет на полуфиналниот натпревар на ЕУРО против Англија, кој требаше да се оддржи во вторник навечер во Дортмунд, беше откажана поради проблеми со транспортот на тимот.

На конференцијата закажана во 19:45 часот требаше да се појават селекторот на Холандија Роналд Куман и дефанзивецот Нетан Аке.

„Поради промени во планираното патување на холандскиот тим во Дортмунд, нивното пристигнување е одложено и поради тоа нема да се одржи прес-конференција“, соопшти УЕФА.

Возот со кој холандските фудбалери требаше да стигнат од Волфсбург до Дортмунд е откажан, а тие мораа да патуваат со авион, но тоа предизвика значително доцнење во нивното пристигнување.

Натпреварот меѓу Холандија и Англија е закажан за в среда од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни