Шпанија
Откажан натпреварот меѓу Барселона и Осасуна поради трагична вест во таборот на каталонците (Фото)

Натпреварот меѓу Барселона и Осасуна кој требаше да започне во 21:00 часот воопшто нема да се одигра во текот на денешниот ден, откако водечките луѓе на Ла Лига решија да го откажат истиот поради трагична ситуација во редовите на домашниот тим.
Докторот на Барселона, Карлес Мињаро за жал починал во хотелот во кој претстојувала Барселона во подготовката за мечот со Осасуна, па иако оваа информација ја знаеле сите во клубот уште пред неколку часа, информацијата за одложување на натпреварот пристигна на 15 минути пред стартот на истиот.
Навивачите на Барса ја дознаа оваа трагична вест во моментите кога веќе беа на стадионот „Монжуик“, па преку видео бимот беше проследено и официјалното соопштение на клубот.
Карлес Мињаро беше втор доктор во лекарскиот тим на каталонскиот гигант, а поради тоа, сите играчи од првиот тим побарале одложување на натпреварот против Осасуна.
Веднаш по соопштението на Барселона, Ла Лига потврди дека натпреварот нема да се игра ниту денес, ниту утре, па ќе треба да биде одреден нов термин за одигрување на истиот.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 8, 2025
-
Репрезентација24 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства24 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства12 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП15 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…