Отказ како „награда“ за добриот старт на сезоната: Пандев доби нов тренер во Џенова!

goce-sasuolo

Џенова неколку сезони наназад се бори за живот во елитата и во последните кола обезбедува опстанок во Серија А, а сега во ситуација кога тимот тргна импресивно на стартот на новата натпреварувачка сезона, денеска пристигна една шокантн одлука од раководството.

Давиде Балардини успеа да избори опстанок со Џенова минатата сезона и сега тргна фантастично во новата, но нааместо награда за добро сработената работа, искусниот италијански стручњак доби отказ. Џенова имаше три победи на последните пет меча во Серија А и се наоѓа на само два бода од четвртото место, но поради несфатливи причини, клуппското раководство ова попладне одлучи да му врачи отказ на Балардини и на негово место го назначи Иван Јуриќ кој всушност беше тренер на тимот минатата сезона.

– Фудбалскиот клуб Џенова соопштува дека Давиде Балардини е ослободен од позицијата прв шеф на стручниот штаб. Му заблагодауваме за неговиот придонес и посветеноста, на негово место ќе дојде Иван Јуриќ, – гласи соопштението на Џенова.

Оваа одлука дефинитивно ја изненади цела италијанската спортска јавност, а да се надеваме дека истата нема да влијае негативно врз Горан Пандев кој уживаше огромна доверба и беше клучен играч во замислите на Балардини.

Facebook Коментари