Поврзете се со нас

Англија

Откако ја договори размената со Јувентус, Барселона сега на ист начин ќе носи играч на Арсенал

Објавено

на

Од таборот на Барселона пред два дена го потврдија ангажманот на Миралем Пјаниќ од Јувентус и заминувањето на Артур Мело во спротивен правец.

Каталонскиот клуб планира на ваков начин со размена на играчи да донесе уште неколку засилувања во своите редови за кои нема да плати многу пари.

Англискиот медиум „Мирор“ пренесува дека Барселона сега ќе тропне на вратата на Арсенал за нивниот централен дефанзивец за кого се подготвени да понудат играч на иста позиција.

Имено, „каталонците“ го посакуваат стоперот на Арсенал, Сократис Папастатопулос, а за да го добијат неговиот потпис се подготвени да го дадат Жан Клер Тодибо.

Тодибо и претходно се поврзуваше со трансфер во Арсенал, но останува да се види дали Артета ќе се согласи на ваква размена.

Јасно е дека Барселона ќе треба да доплати пари и да го понуди Тодибо доколку сака да го добие Сократис кој се чини дека е најстандарден во формата оваа сезона во дресот на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни