Поврзете се со нас

Англија

Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)

Објавено

на

Томас Тухел неверојатно го препороди Челси во период од неполни три месеци, па тимот за кој Френк Лампард велеше дека се уште не е зрел за освојување трофеи, сега е во директна борба за две титули во одлучувачките два месеци од сезоната.

Челси ова попладне го победи Манчестер Сити на „Вембли“ и се пласираше во големото финале на ФА Купот, по што Тухел стана првиот германски стручњак во историјата кој се пласирал на завршен натпревар во најстарото фудбалско натпреварување во Англија.

Покрај тоа што ќе игра финале на „Вембли“, Тухел се уште е во игра и во Лигата на шампионите, каде го чекаат два извонредни предизвици против Реал Мадрид во полуфиналето во најелитното натпреварување.

Во денот за историја во ФА Купот, Германецот нанижа уште едно звучно име во својата листа, па истата стана доста популарна во Англија бидејќи покрај Пеп Гвардиола, тактичките битки во дуелите со Томас во изминатите 80 дена ги загубија и Јирген Клоп, Диего Симеоне, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.

За да биде оваа низа уште поимпресивна, Челси на Тухел не прими ниту еден гол во сите овие пресметки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни